ВИДЕО: Манчестер Сити го победи „бледиот“ Арсенал

ВИДЕО: Манчестер Сити го победи „бледиот“ Арсенал

Манчестер Сити ја запиша 18 победа во низа во сите натпреварувања, откако попладнево го надигра Арсенал на „Емирати“ и слави со 0-1 (0-1). Дербито од 25. коло на Премиер лигата го реши Рахим Стерлинг, кој рано донесе предност, а Арсенал немаше сили да се врати во игра.

  • Најдобри моменти од натпреварот:

Само 75. секунди им требаа на гостите да поведат во Лондон. Акцијата на „граѓаните“ тргна од Марез, кој нафрли на петерецот, а на изненадување на сите Рахим Стерлинг скокна и со глава го матира Берндт Лено за 0-1 уште во втората минута. По овој гол, момците на Пеп мудро продолжија со играта без ризици, па изостанаа вистински шанси.

Иако Арсенал мораше да нападне да се врати, не го исполни тоа. Сè што успеаа „топџиите“ на овој домашен дуел со лидерот беа неколку полушанси, а Сити можеше и да ја удвои предноста, но своите шанси ги испуштија Гундоган и Жезус.

Сити мудро го затвори натпреварот, не му дозволи на Арсенал многу да игра и заслужено победи на „Емирати“.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *