ВИДЕО: Рутинско славје на Јунајтед против Њукасл

ВИДЕО: Рутинско славје на Јунајтед против Њукасл

Манчестер Јунајтед запиша рутинска победа на домашниот дуел против Њукасл (3-1), во рамките на 25. коло од англиската Премиер лига.

  • Најдобрите моменти од натпреварот:

Иако гостите тргнаа подобро, се закануваа преку Жоелингтон и Алмирон, предноста на стартот им припадна на „ѓаволите“. Маркус Рашфорд со одличен соло продор од левата страна влета во шеснаесетникот и погоди за 1-0 во 30. минута. Њукасл пред паузата успеа да израмни, стрелец на голот беше Алан Сент Максимин, кој имаше и неколку шанси за пресврт.

Водството на Јунајтед го врати младиот Даниел Џејмс, кој доби проигрување од Матиќ, се најде осамен на втората статива и лесно реализира за 2-1. До крајот, натпреварот го реши Бруно Фернандеш со погодок од белата точка и на семафорот од 75. минута стоеше 3-1. Њукасл немаше сили да се врати, па Јунајтед запиша три бода.

Момците на Оле Гунар Солскјер останаа на десет бодови заостанок зад Манчестер Сити, но многу поважно е да почнат да размислуваат за место меѓу првите четири на крајот од сезоната, бидејќи „граѓаните“ се залетани и немаат во план да запрат.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *