Инкогнито режимот стана подобар – никој нема да види тоа што не сакате

Инкогнито режимот стана подобар – никој нема да види тоа што не сакате

Инкогнито режимот е прилично корисна карактеристика ако вашиот прв избор е Google Chrome.


Меѓутоа, ако не сте доволно внимателни, можете лесно да го предадете телефонот на некого и да му дозволите да види нешто што и баш не би сакале.

За да се спречи такво сценарио, Google одлучи да ја надгради оваа фунцкија за iOS системите.


Новата верзија на апликацијата значи и дополнителна заштита кога станува збор за овој режим.

Корисниците ќе можат да ги вклучуваат Touch ID или Face ID за да ги заштитат „приватните“ табови, а кога ќе ја вклучат оваа опција, сите прозорци во режимот Инкогнито ќе бидат заматени додека телефонот не потврди дека навистина сте вие, пренесува порталот 9to5 Google.

За да ја вклучите оваа функција, изберете „Поставки“ -> „Приватност“ -> „Заклучи ги табовите за инкогнито кога ќе го затворите Chrome“.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *