Сонот за ЕП заврши: Македонија сама сѝ пресуди, пирова победа над Естонија!

Сонот за ЕП заврши: Македонија сама сѝ пресуди, пирова победа над Естонија!

Кошаркарите на Македонија нема да патуваат на Евробаскетот наредната година, откако не ја исполнија тешката цел да победат со повеќе од девет разлика против Естонија и со пирова победа од 86-84, ги завршија настапите на квалификациите во Перм. Со две победи, над Италија и Естонија, селекцијата на Тодоров доживеа елиминација и нема да игра на континенталниот собир.

Македонија ужасно отвори, правеше почетнички грешки во нападот, па ривалот тоа го казни и уште на стартот поведе двоцифрено. Ниту во втората четвртина Александар Тодоров не успеа да ги консолидира своите кошаркари, кои беа лоши под притисок, не користеа чисти ситуации, а на тоа надоврзаа и лош процент на погододени слободни фрлања. Така, Естонија на пауза замина со 49-38.

На стартот од второто полувреме се разигра Џејкоб Вајли, успеа да украде неколку топки и бргу постигна осум поени за враќање на Македонија во игра. Сепак, шутот за три поени им одеше од рака на Естонците, па во двата наврати кога дојдовме на минус четири, погодуваа од надворешните позиции.

Естонија го издржа налетот на Македонија, се обрани и се врати на двоцифрената граница. Магдевски и Николов беа надвор од својот ритам, промашија неколку чисти позиции, имаа неколку почетнички грешки, а тоа ја чинеше Македонија целосно враќање пред завршницата. Иако Ненад Димитријевиќ се разигра на крајот, реши неколку последователни акции и Македонија поведе, немаше доволно време за посакуваните +10.

Во последните секунди единствен излез за Македонија беше продолжение, во кое би се нападнала потребната позитива. Така, Димитријевиќ од чиста позиција не сакаше да погоди за предност и ја фрли топката во аут, а потоа фаул направи Вајли при водство на Естонија од еден разлика. Сепак, шутерот Розентал не потпадна на оваа тактика, намерно ги промаши двете слободни фрлања. Димитријевиќ ја поведе акцијата во потрага по контакт, но наместо тоа погоди неверојатна тројка и Македонија го доби натпреварот.

Техничките грешки во текот на натпреварот беа клучни, бидејќи во моменти кога Македонија се враќаше во ритам, во неколку наврати нападот потфрлаше, па Естонците се враќаа во предност и на крајот се пласираа на Европското првенство.

Димитријевиќ собра најмногу поени во двата ростери, вкупно 23, а го следеше Бојан Трајковски кој беше одличен со 21 поен. Се истакна и Џејкоб Вајли, меѓу стрелците се запиша 18 пари, а собра и 14 скокови и неколку украдени топки. Кај Естонија, поените беа подобро распоредени, па Котсар беше најефикасен со 15, а по 14 имаа Треиер и Куламае.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *