Бруклин Нетс триумфираа во уште еден дуел против силен противник. Овој пат против екипата на Лос Анџелес Клиперс со 112:108. Нетс играа без Дурант, но затоа го добија расположениот Харден.
Харден запиша 37 поени, 11 скокови и седум асистенции. Последните два поени на натпреварот ги постигна од линијата за слободни фрлања.
Никола Вучевиќ, продолжи да импресионира во дресот на Орландо и ги предводеше до нова победа. Црногорецот постигна 37 поени и 11 скокови во триумфот против Детроит со 105:96.
Во уште еден лут дуел Нагетс се судрија со Атланта, во кој „орлите“ испаднаа подобри со 115:123. Атланта ја забележа втората победа на последните десет натпревари, додека Денвер на последните седум гостински мечеви, имаат шест порази.
НБА Резултати
Њу Орлеанс-Бостон 120:115
Кливленд-Оклахома 101:117
Торонто-Филаделфија 110:103
Њујорк-Минесота 103:99
Милвоки-Сакраменто 128:115