Американки се облекле како млади баби за да се вакцинираат преку ред

Американки се облекле како млади баби за да се вакцинираат преку ред

Две млади „баби“ од Флорида се маскирале во стари жени со цел да го измамат здравствениот систем и да ја добијат втората доза вакцина.

Канцеларијата за јавно здравје на округот Оринџ, соопши дека жени на возраст од 44 и 34 години пристигнале на местото на вакцинација. Тие носеле капи, ракавици и очила со цел да ја прикријат својата возраст.

Директорот на Канцеларијата за јавно здравје во округот Оринџ, др. Раул Пино на прес-конференција рече дека двете жени имаат потврда дека ја примиле првата доза на вакцината. Двете „баби“ не биле во можност да ја добијат втората доза бидејќи здравствените работници се посомневале во исправноста на нивните лични документи.

Здравствените власти не знаат како тие успеале да ја земат првата доза на вакцината и дали и тогаш се маскирале.

Полицијата во округот Оринџ потврди за Си-Ен-Ен дека здравствените власти ги повикале да издадат предупредување за жените чии датуми на раѓање од личните документи не се совпаѓаат со оние што ги користеле за да се регистрираат за вакцинација. Имињата, сепак, биле исти.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *