Што слуша Дознај.мк оваа недела?

Што слуша Дознај.мк оваа недела?

Музиката го прави секој момент од животот како филмска монтажа, додавајќи на емоции кои ги чуствуваме или пак нѐ носи на места кои ги допираат најмоќните точки на нашата имагинација. Па, еве каква музика ќе ја сочинува животната, филмска монтажа на Марко, Филип и Дамјан.

Марко Гулевски

Оваа недела повеќе ќе ја фокусирам на песни кои ги дознав или се потсетив на нив благодарение на ТикТок. Еден од омилените начини на „тепање време“ ми е поминување на таа апликација. Моментално, најголемиот тренд со кој се сретнувам е комбиниран со руска песна која за оние кои поминале дури и малку време на апликацијата, сигурно се сретнале со неа. Станува збор за „Моя голова винтом“.

Следи еден фантастичен ремикс кој доаѓа заедно со бизарен тренд, но тука сме за музиката, а не за ТикТок трендови.

Мислевте дека ќе поминете без емо песна? Сте се зезнале, на оваа класична нумера се потсетив благодарение на апликацијата и ме потсети дека сакам да слушам повеќе од Motionless In White. Голем плус за мене прави фактот што нивниот пејач е „стрејтеџ“. Тоа значи дека не пие, не пуши и не се дрогира.

Дамјан Темелкоски

Имајќи ја предвид потребата од слушање енергична музика за време на периодот моминат на компјутер, денес одлучив да се навратам на еден од моите омилени метал албуми, албумот кој на самиот старт не можев да го поднесам, за подоцна да стане незаменлив дел од мојата плејлиста. „Авенџ Севенфолд“ е бендот кој го слушам повеќе од 10 години, а албумот „Hail To The King“ беше пресвртна точка во нивната еволуција.

Со оглед на тоа што омилен музички жанр ми е ну метал, кој веќе одамна може да се каже дека не постои на правилен начин, ако во денот сум слушам метал, адекватно на тоа е да слушам и рап. Денес тоа беше македонски рап, а мојот ди-џеј беше мојот драг пријател од средно, Петар, кој ми прати по некоја добра позната трака и ми го направи денот поподнослив.

Филип „Dr.Lorre“ Ѓоршовски

Ден паметен, ден понеделник со малку повеќе работа и малку повеќе нервози, но некако го надминав, а се надевам и Вие. Убаво, сончево, надвор птички пеат, како наеднаш да запролети и се размрда цело Скопје, абе да ти е мерак да го гледаш. Можеби и мене така ми се пристори затоа што утрово го започнав добро, на „десна нога“ што се вели.

Како и секогаш, понеделникот го започнав со екс-ју хитче, со мала тага за маестрото со кого пораснав, но само по добро и со добри спомени за неговиот живот и неговото дело. Светот го загуби Балашевиќ, ни помалку ни повеќе на роденденот на мојот брат. Тие кои ме знаат од поодамна знаат дека отсекогаш сум уживал во неговите песни, во неговата поезија, но единствено нешто кое нема да си го простам е што поради најразлични сплетови на околности не успеав да одам на еден од неговите концерти, а дури во алманахот за основно кај мене во П.С. стои „Божа звани пуб“… Резил… Првата меморија од негова песна на која до денес се сеќавам е во 1997-98 година, јас детуле. Во колата се возевме со татко ми, стрико ми и мојот братучед Горан. Горан ја пушти на касета, снимена од радио, песната „Неки нови клинци“… Никогаш нема да го заборавам тоа возење. Лесна ти земја маестро.

Денот го продолжив со обврските во радио и поради гужвите кои настануваат во понеделник, првата песна во која реално уживав одеше во етер во моментот – Still loving you од Scorpions. Песниште… Безвременска љубовна балада за секое рането срце и секој љубител на рок музиката (па дури и шабаниве ќе ги бендисат од шо е уба).

До пред малку бев во Лед Цепелин Кафе Бар, нормално со Кото, па затоа и малку подоцна доаѓа објавава на текстов (ме чекаа Марче и Даме да напишам и јас збор-два) и нормално таму си течеше „пренајпреубо“ музиче и ја заслушнав Man in a box, па ви ја препорачувам за вечерва. Само релаксирано, без непотребни притисоци и стресови и останете ми со здравје!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *