ВИДЕО-Мијалков е во Македонија: „Тука сум, еве ме гледате“

ВИДЕО-Мијалков е во Македонија: „Тука сум, еве ме гледате“

Поранешниот шеф на УБК, Сашо Мијалков е во Македонија, откако во видео изјава на терен даде изјава пред камерите на ТВ 24. Мијалков од завчера попладне беше недостапен, а полицијата не успеала да му го врачи решението за куќен притвор, но сега Мијалков самиот дошол во обвинителството да го подигне решението.

Како што вели во видеото кое ќе го погледнете подолу, Мијалков вели дека е разочаран од вчерашниот развој на настаните и се извини на пошироката македонска јавност. Наводно, обвинетиот бил во самоизолација и не бил во тек со настаните, откако во текот на претходниот период имало главоболка и висока температура од 40 степени. Во свој стил, господинот Мијалков даде изјава која народот често пати ќе ја повторува во периодот кој доаѓа: „Не бегам јас. Оној што ме знае, знае дека јас кога дадам збор – не го погазувам“

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *