Зошто е уникатен новиот руски митралез АК-19? (ВИДЕО)

Зошто е уникатен новиот руски митралез АК-19? (ВИДЕО)

Митралезот АК-19 може да биде од интерес за земјите од Блискиот исток, кои користат муниција од земјите на НАТО.

Ова за ТВ Звезда го соопшти директорот на Дирекцијата за воено-техничка соработка на компанијата „Калашников“, Владимир Онокој. Оваа муниција ја користи новиот калашников, што Русија го претстави на меѓународната изложба на оружје ИДЕКС-2021 во Абу Даби.

“Митралезот АК-19 може да биде многу интересен за земјите од Блискиот исток. Многумина веќе користат 5,56 × 45 милиметри муниција и оружје од европско или американско производство. Има многу такви муниции”, рече експертот, пренесува Спутник.

Тој вели дека новиот митралез е специфичен по тоа што ја комбинира сигурноста на Калашников-от со муницијата која ја користат земјите на НАТО.

“Ние специјално тестираме муниција на НАТО, така што нема сомнеж дека ако се користи муниција од странско производство, нема да има никакви компликации. Нема проблеми. Правиме сè за да се осигураме дека нашите клиенти се сигурни дека оружјето ќе работи со максимална сигурност “, рече експертот.

Тој смета АК-19 ќе ја прошири продажбата од причина што користи постоечка муниција.

“Малкумина ќе прифатат да ја сменат целата муниција во армијата поради најдобриот митралез. Тука луѓето можат да купат примерок и да го користат она што веќе го имаат”, објасни Онокој.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *