Доколку сте сопственик на смартфон, сигурно во периодот во кој го користите телефонот, сте поседувале барем една проѕирна безбојна маска, која најчесто, или ви е првата маска за телефонот, или едноставно доаѓа заедно со телефонот, барем таква е ситуацијата се уште во мобиларите.
На таквите маски доволно им е еден месец користење за да станат во најмала рака кажано „одвратни“. Пожолтени, како да сте пушеле цигара и да сте го држеле телефонот со истата рака, едноставно ви станува непријатно да ги користите, бидејќи судејќи по бојата, мислите дека се преполни со бактерии и нечистотии.
Во прилог погледнете го ова кратко видео од две минути, кое веќе има собрано околу 15 милиони прегледи на „ЈуТјуб“, а кое покажува како со неколку намирници кои сите ги имаме дома, може многу лесно да ја отстраниме таа жолта боја од проѕирната силиконска маска.