Пилот на патнички авион тврди дека имал средба со НЛО

Пилот на патнички авион тврди дека имал средба со НЛО

Благодарение на радиоаматерот на Стив Даглас, кој ја пресретна радио комуникацијата на пилотот на летот „Американ ерлајнс“ 2292, откриено е дека патничкиот авион на споменатата компанија западно од градот Дес Моинс во Ново Мексико имал необична средба со неидентификуван летечки објект (НЛО).

Во радио комуникација, пилотот пријавил предмет сличен на крстосувачка ракета што се движел исклучително брзо над неговиот „Ербас А320“, додека патничкиот авион бил на надморска височина од скоро 11 километри и се движел со брзина од 740 км на час.

Даглас испрати снимка од разговорот на пилотот до порталот „Драјв“ и тие контактираа со Американската авио-агенција, како и со самите Американски ерлајнс. Досега тие не добиле никаков одговор, пренесува порталот Зимо.

“Нешто само што премина преку нас. Мразам да го кажувам ова, но изгледаше како долг цилиндричен предмет, како некоја крстосувачка ракета што се движи многу брзо”, вели пилотот на снимката.

Немало активност на американското воено воздухопловство во областа каде што беше летот 2292 за време на средбата со наводното НЛО. Интересно е и тоа што многу сличен инцидент беше регистриран во истата област пред три години, бидејќи и тогаш авионите на „Лиргет“ и „Ербас“ тврдеа дека имале средба со НЛО.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *