Погледнете- Куќата што се врти, најекстремната оптичка илузија (ВИДЕО)

Погледнете- Куќата што се врти, најекстремната оптичка илузија (ВИДЕО)

Страшни или морбидни, со позитивна или негативна енергија, оптичките илузии го воодушевуваат секого, како посебен облик на уметност која на сите нас ни изгледа како да граничи со „надреалноста“.

На прв поглед, куќата лоцирана во близина на аеродромот Банкстаун во Австралија изгледа прилично обична.

Сепак, како што поминувате покрај куќата, ви изгледа како да се врти.

Оваа куќа се прослави откако беше објавена на ТикТок, а веќе има околу 2 милиони прегледи, или 2 милиони корисници зачудени и фасцинирани од појавата.

Во прилог некои од коментарите:

  • „Ова е толку лудо и кој и да ја дизајнирал/изградил оваа куќа е многу паметен“,
  • „Јас само би се онесвестила секој пат“,
  • „Се обложувам дека предизвикува неколку несреќи годишно“,
  • „Ова е навистина морничаво“

Куќата позната како Камофлер е дизајнирана од австралиската уметница Регина Волтерс.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *