17 години подоцна, „Зора на мртвите“ добива продолжение

17 години подоцна, „Зора на мртвите“ добива продолжение

Додека цел свет го очекува „Justice League: Snyder’s Cut“, Зек Снајдер се враќа со нов филм, „Армија на мртвите“ (Army of the Dead). Овој филм претставува директно продолжение на хорор филмот со зомби од 2004 година, „Зора на мртвите“ (Dawn of the Dead).

Снајдер повторно ќе седне на режисерското столче, а филмот ќе биде дел од програмата на Нетфликс. Во филмот, група платеници планираат да ја изведат најголемата кражба досега во казино во Лас Вегас, за време на избувнувањето на зомби.

Уникатниот концепт за зомби-филмот „Армија на мртвите“ ќе вклучи голем број актери како Дејв Батиста, Ела Парнел, Омари Хардвик, Ана де ла Регера, Теор Роси, Матијас Швајфер, Хирујуки Санада, Гарет Дилахонт. Кој од нив ќе остане жив?

Премиерата ќе биде на 21. мај, а трејлер се очекува во четврток.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *