Аргентина: Цел државен врв се вакцинирал преку ред

Аргентина: Цел државен врв се вакцинирал преку ред

Министерството за здравство го објави списокот од 70 лица на т.н. „ВИП листа“ кои нелегално ја примиле вакцината против коронавирусот.

На листата се наоѓаат челните луѓе на државата:  претседателот Алберто Фернандез и членовите на неговиот кабинет, како и министерот за економија Мартин Гузман, аргентинскиот амбасадор во Бразил, поранешниот претседател Едуардо Дуалде, неговата сопруга и нивните деца и официјални лица кои не се меѓу приоритетите за првите 1,8 милион дози на вакцини.

Приоритет за добивање на вакцина се здравствените работници и луѓето постари од 70 години. Во Аргентина, која има 44 милиони жители, регистрирани се повеќе од два милиони луѓе, а 51 000 лица починаа од коронавирус.

Аргентина има добиено 1,22 милиони дози на „Спутник V“ и 580,000 дози на индиската вакцина, а се очекуваат и милион дози на кинеската „Синофарм“.

Против поранешниот министер за здравство Гинес Гонзалез Гарсија се покренати околу 13 тужби, а новата министерка Карла Визоти го негира постоењето на т.н. „ВИП-вакцина“ во рамките на Министерството.

„Идејата за ВИП-вакцинација во Министерството за здравство е погрешна. Она што се случи беше специфична ситуација, 10 лица отидоа да се вакцинираат, а претседателот ги презеде потребните мерки“,

изјави Визоти

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *