Јута руши рекорди, Лејкерс прокоцка +17 разлика

Јута руши рекорди, Лејкерс прокоцка +17 разлика

Во дуелите од НБА лигата, тимот на Јута Џез е немилосрден и незапирлив. Во нивниот натпревар со Шарлот Хорнетс, тие го наполнија кошот на противниците со 28 тројки. Јута најбргу во НБА лигата стигнаа до бројката од 500 тројки во една сезона. Во 31 натпревар, Јута, ја минаа бројката од 500 тројки, што е нов рекорд. Овие 28 тројки играа голема улога во триумфот од 132:110.

Најмногу поени постигна Мичел со 23 поени, два повеќе од неговиот колега Инглс кој реализираше 7/10 тројки.

Од друга страна, Лос Анџелес Лејкерс прокоцкаа предност од 17 поени во нивниот дуел против тимот на Вашингтон. Одејќи кон последната четвртина, бранителот на титулата имаше предност од 70:53. На крајот, Вашинготн принудија продолженија и Вашингтон славеше со 127:124.

Најефикасен во редовите на Визардс беше Бил со 33 поени, седум скока и шест асистенции и Вестбрук со 32 поени, 14 скока и девет асистенции. Кај Лејкерс, очекувано „кралот“ Џејмс беше најсолиден со 31 поен, девет скока и 13 асисенции.

НБА Резултати

Хјустон – Чикаго 100:120
Далас – Мемфис 102:92
Оклахома – Мајами 94:108
Феникс – Портланд 132:100

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *