Во вечерашното издание од Лигата на шампионите имаше два одлични натпревари на задоволство на фудбалските фанови ширум светот.
Европскиот шампион Баерн Минхен успеа да ја собере победата на гостински терен и да им го направи нереален сонот на Лацио за пласман во четврт-финалето на најелитното фудбалско натпреварување.
Стрелци за Баерн беа, секако, Левандовски за отварање на мечот, по што следеа голови на Мусиала и Сане со што заврши првото полувреме. За да е несреќата на римјаните уште поголема Ачерби ја затресе сопствената мрежа. Ноер конечно беше совладан во 49′ и Лацио го постигно својот прв и последен гол за овој меч, а стрелецот беше Кореа.
Во другиот натпревар Челзи победи на гостински терен со значајни 0:1 против домаќиите Атлетико Мадрид, но голот за Челзи беше итоа како спектакуларен.
По монотоното прво полувреме, Жиру во 68′ со спектакуларни ножички ја донесе победата за Челзи и им даде огромна предност да го бранат резултатот на домашен терен.
Вторите средби од овие дуели се закажани за 17-ти март.