Американската сојузна држава Вирџинија ја укина смртната казна, откако пратениците од двата дома го усвоија законот за нејзино укинување. Тој е испратен на потпис до гувернерот, демократот Ралф Нортем, кој има намера да го потпише, пишуваат американските медиуми.
Со ова, Вирџинија е 23-тата држава која ќе се откаже од смртната казна.
„Во долгата историја на Вирџинија, оваа држава егзекутирала повеќе луѓе од било кој друг. Време е да се запре оваа машина за убиства. Ова е важен чекор напред во настојувањето нашиот правосуден систем да биде чесен и непристрасен за сите“,
рече Нортем во заедничка изјава со претседателката на долниот дом Ајлин Филер-Корн