Тимот на Алфа Ромео го прикажа болидот со кој ќе управуваат искусниот Кими Раиконен и младиот Антонио Џовинаци. Двајцата возачи имаат на располагање болид кој не се разликува премногу во однос на аеродинамиката и предниот браник, па фановите не се премногу воодушевени.
Формула 1 сезоната ќе започне на 28. март во Бахреин.