На аеродромот во Вирџинија е уапсена Ема Коронел Аиспуро, сопругата на најпознатиот наркобос, Хоакин Гузман, познат како Ел Чапо. Таа во вторникот требало да се појави на суд бидејќи е обвинета за продолжување на работата на сопругот откако тој завршил зад решетки.
Властите сметаат дека да продолжила да организира шверц и продажба на хероин, кокаин, марихуана и метамфетамин во САД.

Истрагата ја водела ФБИ, а обвиненијата се поврзани и со шверц на дрога од 2014-та и 2017-та година, дури и пред Ел Чапо да заврши зад решетки во 2019-та година.
Извори на “Reuters” од Мексико тврдат дека САД организирале акција за апсење и дека Коронел не е барана личност во Мексико.
Обвинителите наведуваат дека Коронел се обидела дда му помогне на својот сопруг да побегне од затворот Алтиплано во Мексико во 2015-та година преку тунел кој водел до неговата ќелија.