На Нетфликс излегува нова серија за Шерлок Холмс

На Нетфликс излегува нова серија за Шерлок Холмс

Продуцирање на серија, филм или игра со „Шерлок Холмс“ тематика е сигурна инвестиција, имајќи предвид колку фанови има иконскиот еден и единствен карактер на авторот Артур Конан Дојл.

Откако на Нетфликс веќе корисниците имаа прилика да уживаат во вонсерискиот перформанс на Бенедикт Камбербач во улогата на Шерлок Холмс во истоимената серија, сега во продукција е нова серија за популарниот детектив од Лондон. Да не заборавиме, доколку сте корисници на оваа филмска платформа, можете да ги гледате и филмовите „Шерлок Холмс“ каде во главната улога е миленикот на љубителите на филмот, Роберт Дауни Џуниор.

Новата серија ќе се вика „The Irregulars“, новата верзија на приказната на Артур Конан Дојл за необичен детектив.

Автор на серијата е Том Бидвел, а заплетот следи банда тинејџери од Бејкер Стрит кои решаваат злосторства за Џон Вотсон и неговиот мистериозен деловен партнер Шерлок Холмс. Премиерата е најавена на 26 март.

Во прилог погледнете го трејлерот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *