Поради коронакризата, се распаѓа империјата на Гордон Ремзи

Поради коронакризата, се распаѓа империјата на Гордон Ремзи

И богатите беа тешко погодени од коронакризата. Популарниот шкотски готвач Гордон Ремзи, самиот изјави дека доживеал огромна финансиска загуба како резултат на пандемијата, поточно 57 милиони фунти. Ова се должи на затворање на неговите ланци на ресторани.

Готвачот кој поседува 35 ресторани загубил 11,5 милиони евра само од резервациите во јануари, поради третиот карантин.

Тој бил принуден да побара помош од британската Влада за да спаси илјадници работни места во неговата империја од ресторани.

Ме критикуваат дека сум бил богат, но одговорноста е на моите плеќи, вели тој.

Од 12 април пабовите и рестораните во Британија ќе можат да примаат гости од најмногу две домаќинства, што и не е некоја утеха за Ремзи, иако сигурни сме дека има доволно за да преживее уште тој и неговото поколение.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *