(ВИДЕО) Европа има нова највисока зграда

(ВИДЕО) Европа има нова највисока зграда

Варшавската кула, облакодер во центарот на главниот град на Полска, е новата највисока зграда во ЕУ по поставувањето на 80-метарска игла.

Благодарение на иглата, градбата надмина 310 метри. Кулата е дело на словачката компанија ХБ Реавис која се бави со инвестиции, проектирање, градежништво, трговија со недвижности, управување и советување.

Сепак, како резултат на коронавирусот, некои сегменти од проектот на кулата се привремено прекинати.

„Како и целата економија, минатата година за секторот на изнајмување бизнис простори беше многу тешка. Многумина го откажаа или одложија донесувањето одлуки за изнајмување канцелариски простории“,

соопшти Мачеј Олчик од ХБ Реавис

Зградата би требало да биде отворена на почетокот на 2022 и ќе има посебна тераса со поглед, два брзи стаклени лифта и ресторан со поглед на центарот на градот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *