Лажирал сопствено киднапирање за да може да избегне работа

Лажирал сопствено киднапирање за да може да избегне работа

Полицијата во Аризона уапси маж кој лажно пријавил дека е киднапиран со цел да избегне да оди на работа. Брендон Сул ѝ рекол на полицијата дека бил киднапиран пред неговиот дом од страна на два маскирани мажи кои го онесвестиле откако го удриле по главата.

Тој додал дека напаѓачите го пикнале во кола и го возеле наоколу пред да го остават на улица во Кулиџ.

Полицијата ги истражила тврдењата на Сул, вклучувајќи го и тврдењето дека маскираните мажи го нападнале бидејќи неговиот татко имал скриено пари низ градот. Властите не нашле никакви докази дека тој бил киднапиран, а камерите во неговата куќа не ја поддржале неговата приказна.

19-годишниот Брендон Сул, се изјасни како виновен на рочиштето за лажно пријавување и ќе плати парична казна во износ од 550 долари.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *