Бајден фрустриран, Сенатот не го прифати барањето за минимална плата од 15 долари

Бајден фрустриран, Сенатот не го прифати барањето за минимална плата од 15 долари

Американскиот претседател Џо Бајден е разочаран што неговото предложено зголемување на минималната плата до 15 долари на час во земјата нема да биде вклучено во пакетот мерки за стимулирање на американската економија. Ова се наведува во соопштението објавено во четвртокот од прес-службата на Белата куќа.

Предлог-законот за итно стимулирање на растот на националната економија во услови на пандемија од скоро 2 трилиони долари во понеделникот беше одобрен од релевантниот комитет на Претставничкиот дом на САД. Во четвртокот, независниот правен експерт од Сенатот, Елизабет МекДонау, одлучи дека одредбата од 15 долари на час не може да биде вклучена во законот во овој момент. Причината за ова е што демократите се обидуваат да го усвојат следејќи ја поедноставената постапка предвидена за иницијативи за буџетот. Ова може да им овозможи да го заобиколат републиканскиот отпор.

Опозицијата го претстави својот пакет стимулации од 618 милијарди долари, но Белата куќа посочи дека е премалку за да им се помогне на Американците.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *