Во Албанија се очекува за викенд да биде воведен целосен карантин

Во Албанија се очекува за викенд да биде воведен целосен карантин

Како што се доближува почетокот на пролетта, така и се поизвесна е реприза од ланското ковид-сценарио. Балканските соседи почнуваат да се „затвораат“, а најверојатно прва со таквите строги мерки ќе настапи Албанија.

За викенд соседна Албанија ќе оди во карантин.

Албанскиот здравствен одбор на експерти ќе воведе нови, построги мерки. Во земјата расте бројот на хоспитализирани пациенти заболени од коронавирусот.

Се најавува продолжување на полицискиот час од 18 часот до 06 часот наутро, како и забрана за работа на баровите и кафулињата во тој период.

За време на викендот земјата ќе биде целосно затворена, односно дека ќе биде забрането било какво движење.

Во Албанија последните денови има повеќе од 1.000 новозаразени на ден. Од почетокот на годината имаше над 700 заразени деца.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *