Одбојкарите на домашен терен ќе играат на завршниот турнир

Одбојкарите на домашен терен ќе играат на завршниот турнир

Македонските одбојкари ќе играат на домашен терен на завршниот турнир во Европската сребрена лига, откако ЦЕВ одговори позитивно на апликацијата на ОФМ за организација на овој настан.

На денешната средба, ЦЕВ ја потврди целосната доверба во македонската одбојка, па покрај претходната одлука за организација на турнир од групната фаза во континенталното натпреварување, сега реши на Македонија да и ја додели и битката за медалите.

Завршниот турнир ќе се одржи на 5. и 6. јуни, а од 21-23 и од 28-30 мај се закажани двата турнира од групната фаза. Македонската репрезентација ќе игра со Данска, со Израел и со Кипар, а покрај нас, во групата А, организатор на турнир ќе биде и Данска каде ќе играат Хрватска, Австрија, Унгарија и Луксембург во рамки на групата Б.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *