Почина голманот на Порто Алфредо Кинтана

Почина голманот на Порто Алфредо Кинтана

Екипата на Порто ја потврди трагичната вест дека голманот Алфредо Кинтана почина. Кубанецот кој бранеше за Португалија доживеа срцев удар на тренинг пред неколку дена и не успеа да се избори за најважната животна битка.

32-годишниот чувар на мрежата доживеа инфаркт во понеделникот и оттогаш беше хоспитализиран во критична состојба.

Поради немилиот настан, шампионот на Португалија нема да игра до крајот на групната фаза од Лигата на шампионите.

Кинтана, кој беше роден на 20 март 1988 година, важеше за легенда на Порто. Во сино-белиот дрес ова му беше 11-та сезона, а од 2014 беше дел и од селекцијата на Португалија.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *