Американски суд пресуди дека С.Кореја треба да плати 2,3 милијарди за настаните од 1968

Американски суд пресуди дека С.Кореја треба да плати 2,3 милијарди за настаните од 1968

Американски сојузен суд пресуди дека Пјонгјанг треба да плати 2,3 милијарди долари отштета и камати за екипажот на воениот брод УСС Пуебло, кои севернокорејските сили ги заробија и мачеа за време на 11-месечното заробеништво во 1968 година.

На Северна Кореја ѝ е наложено тој износ да им го исплати на морнарите на Пубело и нивните смејства како надомест за физичкото и психолошко мачење за време на заробеништвото.

„Поради варварството кое им го нанеле Севернокорејците, речиси на сите им бил потребен медицински или психијатриски третман“,

објасни Ала Баларан, адвокатот кој државата го именуваше за водење на случајот

Бродот бил заробен под обвинение дека шпионирал во севернокорејските територијални води. Во договор за ослободување на заложниците, САД потпишале документ во кој се извинија за „шпионирањето и саботажата“, а потоа документот јавно го негираа.

Пјонгјанг го задржа бродот и го претвори во музеј, но американската морнарица сè уште го води како активен воен брод.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *