ЕУ ја разгледува можноста за воведување Ковид-пасоши

ЕУ ја разгледува можноста за воведување Ковид-пасоши

Шефовите на државите и владите на земјите-членки на ЕУ се согласија да се воведе единствен пасош кој ќе покажува дека лицето е вакцинирано и со тоа ќе им овозможи да посетуваат некои културни или спортски настани, како и да патуваат.

Германската канцеларка, Ангела Меркел, вели дека не е донесена политичка одлука за што би претставувал таквиот документ. Меркел единствено истакна дека пасошот ќе биде готов во догледно време и додаде дека само развојот на националните документи за вакцинацијата кои потоа ќе се преточат во еден европски документ ќе трае три месеци.

За воведување на ковид-пасоши најмногу се залага Себастијан Курц, кој доби поддршка од колегите од Грција, Кипар и Шпанија. Тој во пресрет на самитот изјави дека вакцинираните и луѓето кои ја преболеле короната треба да добијат посебен зелен пасош и така да се овозможи делумна слобода и враќање во нормалниот живот.

Меркел додаде дека тоа не значи дека само вакцинираните луѓе ќе можат да патуваат. Граничниот сообраќај во Европа би можел да се олесни, но и евентуално да се бараат потврди за тестирање. Во основа, се препушта на земјите членки да одредат како ќе ги користат сертификатите за вакцинирање.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *