Во Грција е забележан првиот случај на мутацијата од Уганда на коронавирусот, што може да значи уште едно одложување на туристичката сезона.
Во нашата соседна држава е потврден сојот Lineage A.23.1/Uganda кај еден пациент. Засега нема точни информации дали и колку овој пациент имал контакти со други лица, кои може да се потенцијални носители на истиот.
Грција моментално е под строг карантин, а со оглед што се наближува летото, ова може да значи сериозна саботажа на туристичката сезона.
Во моментов таму најраспространета е британската мутација, поради што постојано се одложува олеснувањето на рестрикциите и мерките за претпазливост и заштита.