Вилијамс: Не се пензионирам додека не ја стигнам Маргарет Корт

Вилијамс: Не се пензионирам додека не ја стигнам Маргарет Корт

Американската тенисерка, Серена Вилијамс, нема намера да стави крај на кариерата пред да се изедначи со рекордот на Маргарет Корт од 24 грен слем титули, вели нејзиниот тренер Патрик Муратоглу.

На Серена ѝ фали уште една грен слем титула за да се изедначи со легендарната Корт, а последниот пат кога освои титула на еден од овие настани беше во 2017 година.

„Не мислам дека таа ќе оди во пензија, барем додека не освои уште една грен слем титула. Таа се врати да ја земе гран слам титулата. Морам да верувам дека ќе сака да продолжи, исто како што треба да и таа верува дека може да дојде до таков врвен резултат. Да не беше така, таа сигурно ќе запреше порано. После сè што направи во нејзината кариера, раѓањето на дете, беше тешко да се врати во тенисот“,

рече долгогодишниот тренер на американската тенисерка Патрик Муратоглу

Вилијамс ќе полни 40 години оваа година, а кариерата ја започна уште во 1995 година.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *