Работнички и Силекс го поделија „пленот“ во Скопје

Работнички и Силекс го поделија „пленот“ во Скопје

Фудбалерите на Работнички и Силекс одиграа реми од 1-1 (0-0), во средбата од 20. коло на Првата македонска фудбалска лига. Дуелот понуди доста шанси, неколку добри одбрани, два гола и два можни пенали. Работнички поведе преку Прелчец, но не успеа да ја задржи позитивата и Галевски погоди за бод во Скопје. 

Двете екипи по израмнувањето тргнаа поофанзивно по целиот плен, но немаше промени на резултатот. Најзрелата шанса во финишот ја имаше Максимов, кој од далечина ги тестира способностите на противничкиот голман кој го скроти ударот.

По ова коло Работнички е петти со 28 бода, додека Силекс со 23 е едно место над опасната зона од табелата.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *