Red Bull Campus Clutch пристигнува во Македонија

Red Bull Campus Clutch пристигнува во Македонија

Глобалниот студентски турнир во Valorant за првпат доаѓа во Македонија – па по тој повод, скролни надоле и дознај сè што треба да знаеш за него.

Студенти-гејмери, чујте и почујте, во најава е голем нов турнир во Valorant, на кој секој од Вас ќе има можност да си ја провери “силата” и да докаже и покаже дека можеби е најдобриот играч на Valorant, не само на универзитетско, туку и на светско ниво.Но, прво да објасниме на кратко што е Red Bull Campus Clutch и како Valorant се избори да биде “главниот играч” на овој турнир.

Red Bull Campus Clutch е прв глобален студентски турнир во гејминг на кој ќе земат учество студенти од 50+ држави, кои ќе се натпреваруваат за крајната цел – да се биде најдобриот Valorant тим во светот!

Инаку, патот до светската слава започнува на регионално ниво т.е. победниците од регионалните турнири директно се пласираат на првото масовно глобално финале во Valorant, кое е закажано да се оддржи во Јуни 2021 година.

оа што е интересно за Red Bull Campus Clutch e дека е прв турнир во гејминг кој се оддржува и на светско ниво, затоа што до овој момент, иако гејминг индустријата во последниве години бележи огромен и незапирлив раст, сите досегашни турнири биле од локален карактер, без можност за натпревар на меѓународно ниво. Но, со појавата на Red Bull Campus Clutch, ситуацијата се промени и се отвори нова меѓународна шанса за сите студенти-гејмери од целиот свет да се натпреваруваат меѓусебно во игри со пукање.

Valorant е најозборуваната, најгледаната и најиграната игра за 2020 година, ќе биде ИГРАТА која ќе се игра на Red Bull Campus Clutch, на кој ќе земат учество тимови составени од по 5 играчи-студенти.

Бидејќи се работи за турнир со тимови од 50 различни држави, конкуренцијата е огромна, а битката за првото место дефинитивно ќе биде тешка, тактички исцрпувачка и напната. Но, сепак на крајот, наградата за најдобрите од најдобрите е непроценлива!Епа драги студетни-гејмери, мислам дека сега ништо друго не ви преостанува освен добро да се навежбате и да нè следите за повеќе информации.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *