Терминатор е најновата франшиза која ќе добие анимирана адаптација

Терминатор е најновата франшиза која ќе добие анимирана адаптација

Терминатор аниме серија е во плановите на Нетфликс, пишува Варајети. Нема многу детали поврзани со анимираната адаптација бидејќи е во првите фази на изработка.

Варајети додаваат дека Нетфликс ќе соработуваат со Скајденс, компанијата која ги има правата за франшизата. Името на Метсон Томлин, кој работи на сценариотот од новиот Бетмен филм, ќе биде главен одговорен за анимето.

„Терминатор е една од најиконичните научно-фантастични приказни која е креирана и стана порелевантна со тек на времето. Новата анимирана серија ќе го истражи универзумот на начин кој досега не е виден. Едвај чекаме фановите да го искусат овој неверојатен дел од епската битка помеѓу машини и луѓе“,

изјави Џон Дердеријан, ВП на Нетфликс во Јапонија

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *