ВИДЕО: Дербито „под Шара“ за Шкендија, Пелистер лесно со Ренова

ВИДЕО: Дербито „под Шара“ за Шкендија, Пелистер лесно со Ренова

Дербито под Шар Планина ѝ припадна на Шкендија, која со 2-1 (1-1) слави против Вардар, во дуелот од 20. коло на Првата македонска фудбалска лига. Иако младиот тим на Џиџи Илиевски му парираше на лидерот во првенството.

Резултатот го отвори резултатот по 15. минути игра, но практично во наредниот напад Мартин Мирчевски донесе израмнување за вардарци (1-1). Шкендија беше подобар ривал, но гостите добро се бранеа. Сепак, победата на тетовчани им ја обезбеди Арменд Алими во 62. година. Фудбалерот за врска со добар удар директно од слободен удар биеше крај стативата, а иако Илиќ ја допре, сепак влезе во мрежата за конечните 2-1.

Убедлива партија одиграа фудбалерите на Пелистер кои дома ја победија Ренова со 3-1 (2-1). Предност за битолчани донесе Омер Гудиаби во деветтата, а Алити израмни во 23. минута. Пред паузата искусниот Борче Маневски реализира пенал, а во продолжението деби гол постигна Дарко Размоски за убедливи 3-1.

Струга Трим Љум славеше на гостувањето во Струмица кај Беласица со 1-2 (0-1). Во првото полувреме Марјан Алтипармаковски донесе предност за стружани, а во продолжението Нијас Лена погоди од пенал за удвојување на позитивата. Од белата точка погоди и на спротивната страна Калановски со голот во 83. минута.

Од 20. коло се одиграа и два дуели во Скопје, кои завршија без голови. Средбата на тренинг центарот при ФФМ меѓу Шкупи и Академија Пандев заврши со почетните 0-0, како и дуелот на Македонија Ѓорче Петров и Борец.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *