ВИДЕО: Ливерпул се врати на победите, слави кај „фенерџијата“ Шефилд

ВИДЕО: Ливерпул се врати на победите, слави кај „фенерџијата“ Шефилд

Екипата на Ливерпул запиша победа на гостувањето кај Шефилд Јунајтед со 0-2 (0-0), со што по четири последователни порази во Премиер лигата конечно запиша три бода.

  • Најинтересните моменти од натпреварот:

Натпреварот на „Брамал Лејн“ понуди прв дел без погодоци, но со по некоја шанса. Мрежата на Ливерпул се стресе еднаш, погоди МекБурни, ама голот не важеше поради недозволена позиција.

На стартот од продолжението Ливерпул дојде до предност, Куртис Џонс ја искористи мешаницата и се најде осамен на пеналтикот, па реализира по одбиената топка за 0-1 во 48. минута. „Црвените“ погодија бргу уште еднаш, преку Мане кој беше во офсајд. Течеше 64. минута од мечот кога Ливерпул ја потврди победата кај Шефилд. Голот беше впишан како автогол на Кин Брајан, иако Фирмино шутираше, а домашниот играч го промени правецот и го измами Ремсдејл.

Ливерпул со денешните три бода се наоѓа на шестата позиција со 43. Пред него е Челзи со еден, а два повеќе има Вест Хем кој е четврти.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *