ВИДЕО: Милан ја надмина кризата, победи во супер-дербито кај Рома

ВИДЕО: Милан ја надмина кризата, победи во супер-дербито кај Рома

Фудбалерите на Милан заборавија на проблемите и го покажаа своето лице кое ги красеше во 2020 година, па со убедлива партија победи кај Рома со 1-2 (0-1) од 24. коло на Серија А. „Росонерите“ покажаа доминација, пресинг, шанси и сè друго за што беа фалени, па по четири натпревари без триумф, конечно запишаа славје. Милан поведе преку голот на Кеси од пенал, израмни Верету на стартот од продолжението, а победата ја потврди Ребиќ. Мора да се напомене дека ова дерби изобилуваше со шанси, одлична игра и дури три оправдано поништени голови. 

  • Најдобрите моменти од натпреварот:

По трите поништени погодоци на двете страни, два за Милан и еден за Рома и многуте шанси кои гостите ги имаа пред голот на Пау Лопез, резултатот беше отворен непосредно пред паузата. Милан доби пенал, а сигурен изведувач беше Франк Кеси (0-1).

Веднаш на стартот од продолжението, Рома успеа да се врати во натпреварот. Џордан Верету со одличен удар го матира Донарума и донесе израмнување во 50. минута од мечот (1-1). Сепак, иако останаа без Ибрахимовиќ и Чалханоглу кои се пожалија на повреда, „росонерите“ пак дојдоа до предност. Анте Ребиќ одлично се снајде и погоди во 59. минута, за нова позитива на Милан, а потоа и тој се повреди и излезе од игра.

Рома се обиде да се врати во игра и пак да израмни, ама налета на супер расположениот Џиџо Донарума, па на крајот го загуби дербито на „Олимпико“. Милан успеа да остане на четири бодови зад Интер, но сега се одлепи и има осум повеќе од „волчицата“ која е еден од главните ривали во битката за пласман во Лигата на шампионите.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *