Лестер со 3 гола во мрежата понижен на домашен терен од Арсенал (ВИДЕО)

Лестер со 3 гола во мрежата понижен на домашен терен од Арсенал (ВИДЕО)

Во 26 коло од англиската Премиер Лига, Лестер на домашен терен со 3 гола во својата мрежа беше поразен од Арсенал, кој иако потценет, успеа максимално да издоминира во текот на сите 90 минути.

И покрај убедливата игра, „кикс“ моментите во играта на Арсенал се дел од нивниот идентитет, па така во 6. минута Јури Тилеманс беше оставен да истрча сам 30-тина метри и да го матира Бернд Лено, иако 4-ца дефанзивци на Арсенал беа само гледачи.

Сепак, гостите покажаа карактер, кој беше валоризиран во 39. минута, кога бразилската комбинација меѓу Вилијан и Луиз проработе за израмнување. Вилијан одигра меч за паметење, исто како и Давид Луиз, кои беа главните кандитати за играчи на натпреварот за „топџиите“. Вилијан со прецизно изведен слободен удар, му ја сервираше топката на Луиз, кои со напаѓачки инстинкт, со глава, ја заби во мрежата на Каспер Шмајхел.

На 3 минути пред крајот на регуларните 45 од првиот дел, Арсенал заработи пенал, откако Ндиди со рака го блокираше ударот на Пепе, а клинички прецизен од белата точка беше Лаказет, за пресврт и предност на Арсенал.

Во поголемиот дел од првото полувреме Арсенал имаш 70 до 80% посед на топка, а во ист стил го одигра и второто полувреме, само што во овие 45 минути, безгрешни во одбраната беа Пабло Мари и Давид Луиз.

Голот кој го постави и конечниот епилог на средбата беше постигнат во 52. минута, кога Лаказет, Џака и Едегард одиграа одлична арсеналовска акција, топката стигна до Вилијан, кој пак уште еднаш асистираше, овој пат за Никола Пепе за конечни 1-3.

До крајот Лестер речиси и да немаше посериозни шанси, додека Арсенал продолжи со ист карактер, играјќи висок притисок на одбраната на домаќинот, што спречи и посериозни закани по голот на Лено.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *