Подем на нов сој во Њујорк поотпорен на некои вакцини

Подем на нов сој во Њујорк поотпорен на некои вакцини

Американски научници од Медицинскиот факултет на Универзитетот Колумбија објавија дека во Њујорк се шири новиот вид на коронавирус што има малку сличност со повеќе преносливата мутација откриена во Јужна Африка, пренесува Ројтерс.

Агенцијата наведува дека новиот вид, познат како Б.1.526, според извештајот на научниците, за прв пат бил идентификуван во примероците собрани во Њујорк во ноември, а до средината на февруари, тој бил потврден во околу 12% од сите случаи.

Ројтерс известува дека студијата открила дека сојот Б.1.526 има некои загрижувачки заеднички карактеристики со видот Б.1.351 идентификуван во Јужна Африка и П.1, кој за прв пат е потврден во Бразил и се поотпорни на некои постојни вакцини отколку претходните верзии.


Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *