Кока-Кола со инструкции кон вработените како да бидат „помалку бели“

Кока-Кола со инструкции кон вработените како да бидат „помалку бели“

Кока-кола наиде на остри критики откако промовираа онлајн семинар за тренирање на вработени, посочувајќи дека тие треба да бидат „помалку бели“ со цел да се борат против расната дискриминација.

На PowerPoint презентација има слајдови од тренинг семинарот кои даваат совети за како да намалат со нивната „белост“. Во овие совети стои: „бидете помалку арогантни, бидете помалку сигурни, бидете помалку дефанзивни, бидете поскромни, слушајте, верувајте и скршете ја апатијата“ и „срушете го белото единство“.

Дополнителен слајд вели дека за да можат вработените да се борат против расизмот, тие мора да разберат што значи да си белец, да го предизвикуваш она што значи да бидеш расист“. Според смешниот семинар, „истражувањата покажале дека на 3 до 4 години, децата разбирале дека е подобро да си белец“.

Хармит Дилон, адвокатка од Центарот за Американска Слобода, ги нарече слајдовите како очигледна дискриминација.

Луѓето се закануваат дека ќе ја бојкотираат Кока-Кола, а сите вмешани со курсот се повлекуваат од него.

На LinkedIn велат дека го повлекле курсот, кој имал интервјуа со социологот Робин ДиАнџело, која ја напишала книгата, „Бела слабост“.

ДиАнџело инсистира преку свој претставник дека не е свесна дека била дел од курсот и дека не ги креирала слајдовите користени во тренинг семинарот.

„Таа не беше свесна дека видеата биле монтирани на вакво начин, ниту пак што тие промовирале како курс против расизам бидејќи начинот на кој таа ги постави нејзините содржини и како таа го гледа проблемот“,

изјави Кејтлин Мејер која ја претставува ДиАнџело

Кока-Кола исто така изјави дека тренингот не е задолжителен за вработените.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *