Министри во Јордан сменети поради вечера во ресторан со повеќе лица

Министри во Јордан сменети поради вечера во ресторан со повеќе лица

Министерот за внатрешни работи и министерот за правда на Јордан денес се отпуштени поради прекршување на здравствените прописи кои спречуваат ширење на коронавирусот.

„Премиерот Бишер ал-Хасавне побара да си поднесат оставка, што веднаш го поддржа кралот Абдула Втори“,

се вели во соопштението од кралската палата

Како што објави „Гардијан“, тие се обвинети за кршење на законот за вонредни ситуации, донесен за борба против Ковид-19.

Јодранската веб-страница „Амон“ објави дека министерот за внатрешни работи, Сами Мобаиден и министерот за правда, Басам Талхуни, присуствувале на вечера во рестторан во Аман каде се собрале девет лица, наспроти максимумот од шест лица.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *