Reddit приказни: Денес за*бав кога ја скокоткав жена ми додека не поврати

Reddit приказни: Денес за*бав кога ја скокоткав жена ми додека не поврати

Сигурно за оние кои имале партнер, во некој дел од врската имало некоја шега која се претворила во нешто посериозно. Па, истото го сторил и u/nickishungry1988, кој едноставно не можел да ги преболи своите лименки Д-р Пепер.

„Пред неколку недели, имав шише д-р Пепер кое го имав сочувано во задниот дел од фрижидерот. Целта беше да го испијам помешано со некој евтин бурбон за време на викендот.

Тоа не се случи.

Жени ми успеала да го најде мојот благ пијалок и го испила за време на неделата. Кога дојде сабота, дознав дека моите складирани пијалоци биле одземени од мене. Ја прашав што се случило со пијалокот, и таа ми призна и се извини. јас НЕ го прифатив нејзиното извинување.

Додека возевме кон нашата околна бензиска пумпа, слушајќи „Hurt“ од Џони Кеш, почнав да ја планирам мојата одмазда.

„Знам дека не ти е добро во моментов, така да нема да ти го направам тоа сега. Но, кога ќе ти биде подобро, планирам да те скокоткам по мишките за она што ми го направи вечерва“, ѝ реков.

Помина точно една недела.

Ја егзекутирав мојата одмазда.

Ја скокоткав безмилосно. Дури и нашата три-годишна ќерка ми се придружи. Беше неверојатно. Како повеќето сопрузи имам обичај да ги заборавам таквите мали неважни нешта и да продолжам со животот. Но, не овој пат. Смеењето ѝ дојде од стомакот. Дишењето беше со воздишување. Кучето лаеше.

Потоа се случи, отидов предалеку.

Повраќаницата отиде како проектил. Беше на мене, на детето, на каучот, мачката, тепихот. Сега сум во куќарката на кучето. Никогаш нема да ми биде простено.“

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *