„Синофарм“ го вратија авансот за испорака на вакцините

„Синофарм“ го вратија авансот за испорака на вакцините

Македонија ги доби назад парите за вакцината на Синофарм, потврдија од министерството за здравство.

„Авансната уплата која Министерството за здравство ја изврши за набавка на вакцината Синофарм, по барање на кинеското Министерство за надворешни работи беше повлечена заради усогласување на документација, на нашето МНР и МНР на Народна Република Кина. Разговорите се во завршна фаза, не станува збор за откажување на договорот, вакцините против Ковид 19 од производителот Синофарм во најкус можен рок ќе стигнат во нашата земја“,

рекоа од министерството за здравство

Филипче вчера на прес-конференција во Гостивар истакна дека продолжуваат преговорите со сите компании за вакцина. Македонија очекува од Кина 200 илјади вакцини.

Досега пристигнаа 8,190 вакцина на Фајзер, што ги донираше Србија за Македонија. Со овие вакцини се вакцинираат здравствените работници кои работат со ковид пациенти.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *