Вардар повеќе од очаен против Мотор Запорожје

Вардар повеќе од очаен против Мотор Запорожје

Македонскиот првак, Вардар, доживеа дебакл во дуелот од СЕХА лигата против Мотор Запорожје на гостувањето во Украина. „Црвено-црните“ загубија со 30-23, како резултат на бројните грешки, кои допринесоа европскиот првак дури 10 минути да не постигнат гол.

Дуелот во Запорожје почна во знакот на домаќинот. Мотор преку брзи контри ја казнуваше секоја грешка на Вардар и уште на почетокот поведе со 0-6. Вардар чекаше дури 10 минути на првиот гол, кој го даде Дибиров од пенал, а потоа, руското крило погоди и од игра за да ја прекине кризата.

Одбраната играше на стандарди недостојни за двократен европски шампион, а нервозата беше приметлива и кај тренерот Алушовски.

На стартот на вториот дел, проблемите продолжија со црвен картон за Глеб Калараш. Најефикасен кај вардарци беше Шеваљевиќ со пет гола, пред Димитриоски, Карапалески и Талески со четири.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *