Време, сончево и свежо со северен ветер

Време, сончево и свежо со северен ветер

Во Македонија денеска претпладне ќе биде сончево и свежо, попладне со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен, а вдолж Повардарието и на истокот повремено засилен северен ветер. Максималната температура ќе биде во интервал од 9 до 16 степени.


Во Скопје сончево, попладне со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен до засилен северен ветер. Максималната температура ќе достигне 14 степени.

До четврток ќе преовладува сончево време, а од петок ќе има зголемување на облачноста со локален дожд во сабота. Денес и утре ќе дува умерен, а вдолж Повардарието повремено засилен северен ветер. Утринските температури во следните денови на повеќе места ќе се спуштат под нулата, а дневните од среда ќе бидат во пораст.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *