Кипар ја бојкотира песната избрана за Евровизија

Кипар ја бојкотира песната избрана за Евровизија

Песната што ќе го претставува Кипар на Евровизија оваа година ги разгори страстите во државата поради огорченоста на религиозните фанатици и други општествени кругови.

За нив, оваа песна е „премногу сатанистичка“. Конкретно се спомнува стихот: „Му го дадов срцето на ѓаволот… Затоа што тој ми вели дека сум неговиот ангел“.

Изборот на песната во изведба на Елена Кагрина предизвика негативна реакција кај Здружението на наставници по веронаука во средните училишта кои изразија „гадење“ од песната и побара нејзино повлекување.

А, таму кај што се религиозните фанатици, веднаш доаѓаат и десничарските партии. Така, десничарската партија ЕЛАМ е на став дека песната чиј текст дури ако е метафоричен, сепак ја навредува нивната вера. Полицијата дури објави дека еден човек е обвинет за упатување закани и предизвикување немири по упад во кипарскиот радио-телевизиски комплекс.

Сведоците на вчерашниот инцидент сведочат дека човекот им се заканувал на вработените во редакцијата на Кипарската радиодифузна корпорација, со изјави оти изборот на песната претставува навреда за христијанството.

Заканите дошле и преку нивната телефонска линија, кои велеле дека телевизијата ќе биде запалена.

Во истовреме, песната има и свои поддржувачи меѓу другите граѓани на Кипар. Оваа островска земја го постигна најдобриот резултат на Евровизија во 2018 година, кога го освои второто место со песната „El Fuego“ во изведба на Елени Фуеира.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *