ВИДЕО: ЛеванГОЛски со хет-трик донесе триумф во „Дер Класикер“!

ВИДЕО: ЛеванГОЛски со хет-трик донесе триумф во „Дер Класикер“!

Баерн Минхен уште еднаш покажа зошто е најмоќниот тим во Германија.„Баварците“ на Ханси Флик се вратија од бездната и дојдоа до голема победа во дербито со Борусија Дортмунд (4-2) во рамки на 24. коло од Бундеслигата.

  • Најинтересните моменти од натпреварот:

Стартот од мечот им припадна на „милионерите“, Ерлинг Халанд во првите десет минути два пати стрела за предност на гостите од 0-2 во дербито на колото. Иако Баерн беше непретпознатлив, бргу се „разбуди“. Роберт Левандовски одговори со три погодоци во натпреварот, за хет-трик и победа на својот тим.

Во 26. и 44. минута од пенал, Полјакот уште на полувреме го израмни резултатот. Борусија парираше во вториот дел, имаше активен резултат до самиот финиш. Леон Горецка погоди за 3-2 во 89., а во последната минута од регуларниот дел Левандовски ја потврди победата (4-2).

Баварците се лидер во Бундеслигата со 55 бодови, додека Борусија Дортмунд има 39 и се наоѓа на шестата позиција.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *