ВИДЕО: Мората го „реши“ Лацио, Јуве со пресврт до три бода

ВИДЕО: Мората го „реши“ Лацио, Јуве со пресврт до три бода

Фудбалерите на Јувентус го добија првото дерби во 26. коло на италијанската Серија А, откако на својот „Јувентус Алианц Стадиум“ со пресврт и 3-1 (1-1) го добија Лацио. Римјаните поведоа рано, но немаа сили да го задржат добриот резултат. Рабио донесе израмнување пред паузата, а потоа за три минути во вториот дел Мората го реши прашањето за победникот. 

  • Најдобрите моменти од натпреварот:

„Бјанкочелестите“ отворија подобро, имаа две шанси на самиот старт преку Фарес и Милинковиќ-Савиќ, со кои го најавија водството. Резултатот го отвори Хоакин Кореа, по одбиена топка од надвор од шеснаесетникот го матира Шчезни за 0-1.

Казната за неискористените шанси стигна пред полувремето. Адриен Рабио доби проигрување од Мората, па со одмерен удар ја смести топката во мрежата на Пепе Реина за 1-1 во 39. минута.

Јуве се „разбуди“ по паузата, тргна поофанзиво и пресвртот го комплетира Алваро Мората. Киеза испрати долга топка кон Шпанецот, а овој без многу размислување го погоди поблискиот агол за 2-1 во 57. минута. Само две минути подоцна, Милинковиќ-Савиќ беше прегруб, стартуваше врз Ремзи и направи пенал. Одговорноста ја презеде Мората и стрела за 3-1 во 60. минута од натпреварот. 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *