Reddit приказни: Денес за*бав кога излегов од дома полугола

Reddit приказни: Денес за*бав кога излегов од дома полугола

Сите сме имале моменти каде веруваме дека ако сме доволно брзи со нешто нема да бидеме забележани, но наеднаш сѐ оди наопаку и замрзанти сме во момент на срам кој ни се чини дека трае вечност. Сличен ваков инцидент има приказната која ја имаме денес од u/dontsaymango која сака денот само да заврши.

„Ова се случи синоќа околу 21/22 часот кога стигнав дома од напорен ден. Ги соблеков панталоните за да можам да уживам по дома. Потоа, сфатив дека го заборавив пијалокот во колата. Живеам во слабо населено место и плус во куќа, па колата ми е веднаш до предната врата. Си реков дека само ќе истрчам до колата без да ги облечам панталоните и никој нема да забележи. ГРЕШКА. Како што истрчав до колата и таман да стигнам до колата, две куќи од мене го забележувам комшијата кој само еднаш претходно го имам сретнато, како гледа накај мене.

Откако сфатив дека сериозно сум се зезнала, седнав на предното седиште, надевајќи се дека ќе влезе внатре наскоро. Не, тоа не беше случајот. Тој се развика на глас „Секогаш постои ризик кога дотрчувач до колата хахаха“. Кога не реков ништо тој само продолжи „Ах, стариот трик каде се криеме на предното седиште гледам“. Не само што ме виде, тој знаеше дека не носам панталони и коментираше на тоа.

За нештата да бидат уште полоши, неговата сопруга дојде и праша што се случило. Тој ѝ раскажа и таа почна да се смее. Во меѓувреме, јас седам на предното седиште со полуотворена врата чекајќи да се вратат дома за да можам да си го вратам мојот задник без панталони назад дома.

За среќа, овој месец се селам, па најверојатно никогаш нема да треба да се соочам со овие луѓе во мојот живот.“

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *