ТУХЕЛ НЕЗАПИРЛИВ, „КАРАМЕЛИТЕ“ СЛАДОК ПРОТИВНИК ЗА ЧЕЛЗИ

ТУХЕЛ НЕЗАПИРЛИВ, „КАРАМЕЛИТЕ“ СЛАДОК ПРОТИВНИК ЗА ЧЕЛЗИ

Челзи успеа да собере уште една победа (по таа над Ливерпул) и под водството на Тухел да докаже дека се добар тим кој е решенен да победува. Вечерашната жртва беше тимот на Евертон кој и покрај сите напори не успеа да се доближи до добрата игра на Челзи.

Избраниците на Анчелоти си заминаа со пораз во гости од 2:0, но Евертон сепак останува на петтото место и со натпревар помалку, додека пак Челзи и покрај оваа победа, стигна до 50 бодови и цврсто застана на четвртото место.

Во 31. минута, за несреќа на Евертон, Годфри ја затресе сопствената мрежа и со тоа ги испрати Челзи во соблекувалните со водство од 1:0. За финиш на маките на Евертон се погрижи и самиот голман на тимот, Џордан Пикфорд, откако во 65. минута направи прекршок и им овозможи пенал на „Сините“ кои го реализираа преку Жоржињо и со тоа го добија и мечот со крајните 2:0.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *